01 апр.
Попладневна дремка
Сакам да ви кажам една песна,
таа песна е многу лесна,
ќе ви се допадне на сите знам,
можеби ви се случило и вам.
Попладневна дремка ме фати,
се разбудив јас и сфатив,
на училиште доцнам јас,
се облеков и тргнав в час.
На врата ме пречека мама,
се зачуди , каде тргнав сама,
тогаш и мене ми текна,
ме збунила попладневната дремка.
Дојде и мојот татко
и се насмеавме сите слатко!
Поет: Теа Бецекоска
9 години
IV-2 одделение
2 Comment(s)
Прекрасни стихови. Браво заТеа.
Браво Теа, продолжи да твориш,преубави стихови!
Leave a Comment