Убаво беше моето детство
си играв во моето соседство.
Игравме, се дружевме, пеевме,
а најмногу од се се смеевме.
На училиште секој ден
приказни детски се редат,
на час по четириесет минути
сите ученици мораа да седат.
Но, сега ова е приказна стара
со која цел свет јас сакам да го замарам.
Еј, луѓе вие што го измисливте вирусот клет,
знаете ли што му направивте на целиот свет?
Сега,еве повеќе од година цела
училишната клупа со никој не ја делам.
Пред комјутер беспомошна седам
и онлајн настава морам да следам.
Ај, дали е право кажете ми вие?
Какво е ова детство што го имаме ние.
Да држиме растојание, маски да носиме сите,
осамени и тажни да ни минат дните.
Во секое детско срце се вгнезди паника и страв,
па секој се обидува некако да остане здрав.
Не, живот не е ова што секое дете го сака,
затоа ајде сите да си подадеме рака!
Сакам,на училиште да одам.
Сакам, со другарчиња да се дружам,
песни да си пеам и со многу љубов
детството мое да го живеам.
Лина Велковска VI одд.
ОУМБ„Кочо Рацин„-Пехчево
Ментор
Габриела Костадинова
1 Comment(s)
Браво Лина,браво!Прекрасно преточена моменталната состојба на детскиот живот!
Leave a Comment