А
- абер (турски збор)- вест, порака, знак
- аберџија - гласник
- аван (турски збор) 1. сад за толчење, 2. справа за сечење (дробење) тутун
- ага - турски големец, сопственик на земја или воен старешина во Османлиското Царство, муслиманска титула, господин, господар газда
- адет (турски збор) - обичај, традиција
- аѓутант (латински збор) - помлад офицер, помошник на офицер со повисок чин, помошник во воен штаб
- асно - богатство
- ак (турски збор) - плата
- акал - ум
- аланѓузи - болест кај децата со нафрлање на црвени брунки, најчесто на лицето
- алишта - облека
- амајлија (турски збор) - талисман, амулет, предмет или запис кој се носи со себе како заштита од несреќи, болести и сл.
- аманет (турски збор) - 1. доверување некому на чување некаков предмет како знак на доверба дека ќе биде сочувано; 2. самиот предмет кој се доверува; 3. поштенска пратка со означена вредност
- амбар - објект, складиште за чување жито во селските домаќинства
- амут (турски збор) - ам, дел од коњска опрема за спрегнување на коњот во колата
- ан (турски збор) - крчма, гостилница, преноќиште
- анама (турски збор) - госпоѓа, жена, сопруга ( кај муслиманите)
- ангарија - принудна работа, без надомест
- андарти - четници во грчката чета
- анка (турски збор) - госпоѓа, жена, сопруга ( кај муслиманите)
- антерија - дел од облеката, долга црна наметка која ја носат свештениците
- аргат - најмен работник, кој работи тешка физичка работа
- Арнаути (турски збор) - Албанци
- арсенал (француски збор) - складиште за чување воена опрема и оружје
- арслан (турски збор) - лав
- аскер - 1. војник; 2. војска
- атеист ( грчки збор) - безбожник, оној кој не верува во Бог, припадник на атеизмот
- атер - волја, наклонетост, љубов
- аур - место на долниот кат во селските куќи каде што се чува крупниот добиток
Б
- барабан - вид тапан
- баџа (турски збор) - отвор на покривот на старите куќи
- баџанак (турски збор) - споругот на женината сестра
- башка - одвоено, посебно
- башкалак -одвојување, оставање имот настрана
- бег (турски збор) - турска титула, благородник и големопоседник во Османлиското Царство
- беља (турски збор)- 1.несреќа,беда, мака; 2. метеж, турканица
- бериќет (турски збор) - 1.благослов, среќа; 2. добра летнина, родна година, изобилство, успех
- бечви (турски збор) - панталони
- бодинаница - коњ во галоп
- борч - долг
- борчлија - должник
- бујрум (турски збор) - повели
- буле - мала погача
- булук (турски збор) - стадо, чопор
- бука (воденичка) - голема метална цевка, поставена косо, преку која водата се спроведува во воденицата
- бучало - место на река на кое водата паѓа вертикално и создава голема бучава
В
- ваби - мамење кокошки или пилиња
- валачка - пиралка, алат за перење, за истиснување на водата од облеката со чукање
- вакаф (турски збор)- црковен имот
- валија (турски збор) - управник на област во Османлиското Царство
- везир (турски збор) - министер-претседател на владата на Турција во време на владеењето на султанот; титула на висок функционер во некои муслимански земји на Истокот; министер, гувернер на покраина
- веленце - мал килим, килимче
- вител - земјоделски алат за врзување снопови
- водоврик - место на кое земјата е влажна, каллива
- возиште - дел од запрежна кола
- врав - снопови наредени за вршење околу стожерот во гумното
- вршидба - времето кога се врши житото
- вршник - метален предмет со полутопчеста форма која служи за печење леб, месо и слично
Г
- газета (италијански збор) - дневен весник
- гној - изметот од добитокот, добиточното, арско ѓубре
- горештина - врелина, жештина
- грибло - земјоделска алатка со крупни запци
- гуна - дел од селска женска или машка облека
Д
- девер - 1.лице со посебна традиционална должност на свадба; 2.брат на сопругот
- дервиш (турски збор) - монах, калуѓер во муслиманската религија
- дисаѓи - двојна торба поврзана со платно која се префрла преку седлото со товарен добиток
- дифтик - јамболија, ткаенина за покривање со ресите
- домашар - оној што е постојано дома, во старите традиционални македонски семејства бил човек што бил одреден од страна на семејството за да се грижи за работите поврзани со домот
- друшка - сопруг или сопруга
- дулец - начин на дерење јагниња
- душман - непријател
Ѓ
- ѓаур (турски збор) - неверник, кривоверник, еретик, погрдно име со кое Турците ги нарекуваат христијаните
- ѓеран (турски збор) - направа за вадење вода од бунар
- ѓериз (турски збор) - одводен канал
- ѓум (турски збор) - бакарен сад за вода
Еесап (турски збор) - смета, пресметува
- еснаф (турски збор) - здружение на луѓе со ист занает, преносно, лица на иста возраст
- еќим (турски збор) - доктор
- ефенди (турски збор)- господин
Ж
- ждрепка - начин на одредување дел од имот или донесување одлука околу некоја работа
- жолтица - златна монета, дукат
З
- задушница - помен за покој на душата во христијанската религија
- замандалени - затворени со мандало - дрвен дел на врата за затворање на внатрешната страна
- замелушен - зашеметен
- заптии (турски збор) - редар, стражар
- зелје - збирно име за лобода, спанаќ и штаве
- зијан - штета
- зоб - овес
- золва - сестра на сопругот
- зулум (турски збор) - тиранија, насилство, разбојништво, угнетување
- зулумџија (турски збор) - насилник, тиранин, угнетувач, разбојник
Ѕ
- ѕевгар (турски збор) - пар запрежни волови
И
- изим (турски збор) - дозвола, одобрение
- исав (турски збор) - милост
- исавлија (турски збор) - со душа, милосрден
Ј
- јалова - неплода
- јаловица - неплодна овца
- јаничар (турски збор) - припадник на привилегиранта војска во Османлиското Царство создадена од заробени христијански деца, кои биле одгледувани и воспитувани за крвници на сопствениот народ
- јарем - дрвена направа во која се спрегнуваат запрежни животни
- јатрви - сопруги на двајца браќа
К
- кадија (турски збор) - судиј во Турција и во други муслимански земји
- кадилница - метален предметм кој служи за кадење, подчадување, кој го користат свештениците при изведување на христијанската служба
- кајмакам (турски збор) - управник на околија во Отоманското Царство
- калајџија - мајсотр кој врши премачкување на бакарни садови со калај
- калци - плетени женски чорапи до колениците без стапалата
- кандило (грчки збор) - сад со масло во кое гори фитилче
- кандиса - убеди, наговори
- картал - вид орел, мршал
- катиљ - лош човек, крвник
- клепало - дрвен предмет во црквата за чукање при повикување на служба ручек и слично
- клисар - притруп, човек кој ја чука црковната камбана и служи во црквата
- кмет - селски старешина
- комиташ - оној кој се занимава со комитлак
- копа - форма на куп во кој се собира слама
- коприна - свила
- корда - простор заграден за чување овци
- корија - шума
- коџобашија (турски збор) - старешина на село, кмет
- крлешка - лулашка, нишалка
- крклик - крлук, стап со кука за фаќање овци
- крондир - мал сад за ракија или вино
- кросно - дел од разбој за ткаење
- кудење - укажување на недостатоци, оговарање
- кулук (турски збор) - вид данок кој се наплаќал во Османлиското Царство со тешка и напорна работа
- курбан (турски збор)- жртва
- кутел - дрвен сад за мерење жито
Л
- ластегарка - стап за товарање и растоварање на товарен добиток со чепорашка (со две мали кракчиња) на горниот дел
М
- малаксан - преморен, изнемоштен, без сила
- марифет (турски збор) - вештина, препреденост, лукавство
- мастраф (турски збор) - трошок, издаток
- меѓа - граница меѓу две ниви или други земјишни парцели
- меџидија (турски збор) - сребрена турска монета
- мешин - штавена танка кожа (мев од стара ковачка направа)
- момок (архаизам) - слуга во селска куќа
- мотавило (архаизам) - мотовило, тенко стапче на кое се мота јаток, предено за разбој
- мртвица - застојана вода, калливо место
- мувлет (турски збор) - рок
- мудур (турски збор) - старешина на касарна во Османлиското Царство
- мунасип (турски збор) - умно, згодно
Н
- набодна - долга дрвена вила со два рога за кревање и товарање снопови
- намашна (архаизам) - поттикна
- намуз (турски збор) - човечност, праведност, правилен однос
- наора (грчки збор) - осветен леб во православната религија, нафора
- нахија (турски збор) - околија
- непрокопсан (архаизам) - немирен
- нунко - кум
О
- окантарен - некаде заседнат, постојано тука, наметлив
- опрегач - унечка, прегач, скутник
- осојница - место на сенка
- остен - стап со шилец на едниот крај за терање запрежни волови
- осуна (архаизам) - се раздени, осамна
- офарда (архаизам) - дарежлив, нештедлив
- офтика (архаизам) - болест на белите дробови, туберкулоза
- оџа - муслимански свештеник
П
- пагур (архаизам) - мало шише за ракија со затворач
- падишах (турски збор) - титула на некогашните турски султани и други монарси во некои источни земји
- пајтон - запрежна кола за коњи
- палежен (архаизам) - лош
- паличник (архаизам) - железен дел од плугот што ја сече земјата при орањето, ралник
- паштерка - затекната или најдена ќерка во бракот
- пеземек (турски збор) - мангуп, расипан човек
- пеливан (турски збор) - борач
- пиралка (архаизам) - дрвен предмет што се користи во селата при перење на река и служи за цедење на водата од облеката со удирање
- пискул - украс на турска капа, фес
- плева - ситни сламчиња и лушпи кои остануваат при веење на житото во гумната
- покроб - волнена покривка за спиење без реси, јамболија без реси
- полјак (архаизам) - чувар на полето
- пондила (архаизам) - место за престој на добитокот во некои стари селски куќи
- посестрима - 1.Жена како сестра на другарка или на дригар; 2. верна другарка
- почудиште - урок, болест од урочување
- првиче - според народниот обичај првата посета што ја прават родителите на невестата во куќата на зетот со група блиски роднини
- првичари - учесници на првиче
- прекутрупа - попреку, по кус пат
- присој - страна, обично стрмна, што ја грее сонце
- прокуда - лоша навика
- протуѓер (архаизам) - гласник
Р
- раја (турски збор) - немухамеданското население на Османлиското Царство
- рајатин (турски збор) покорен христијанин во Отоманското Царство, поданик
- рајатиса (архаизам) - се ослободи од маката
- рало - дрвено орудие за орање
- раненик - посвоено дете
- расје - ниски шумски дрва
- рауни - невестински дарови пред свадбата
- редовница - реденица. жена што го води домаќинството определено време во големите семејства
- рогозина - грубо плетена постела од рогоз - висока мочуришна трева - шавор, шамак
- руглица - свадбарско знаме
С
- саѓи - црна прашина што останува по горењето на оган
- сакма - вид наметка која обично ја носат овчарите
- самар - седло на коњ, магаре или маска
- сардисан - опколен
- сводник - посредник на љубовни врски меѓу мажи и жени за користољубиви цели, за пари
- себап - добро дело
- сеир - чудо, гледање нешто шо се случува, гледање забава, разонода
- синор (грчки збор) - граница меѓу две села или две ниви
- сретсело - центарот на селото каде што се одвиваат главните настани
- срп - алатка за рачно жнеење
- стожер - столб во средината на гумното за кој се врзувале коњите за вршење на житото
- стресло - железна алатка што ја користеле каменарите
- субашица (турски збор) - газдарица, жена сопственик на имотот
- сургун (турски збор) - прогонство, заточение
- сурија - големо стадо, крдо
- сурме (архаизам) - мала дрвена греда со која се става попреку на вратите на селските куќи однатре
- сурпет - суров, остар, непопустлив
Т
- тајфа - група луѓе, дружина
- тапија (турски збор) - судски заверен документ за сопственост на имотот
- телал (турски збор) - гласник
- терзија (турски збор) - кројач, шијач
- теќе (турски збор) - 1. молитвен дом на дервиши, дервишки манастир; 2.гробница на некој светец
- тормозење - малтретирање
- тупурдиса - отстрани, зафрли, загуби
- тревлистува - со мана во говорот, не зборува чисто, петелчи
Ќ
- ќатип (турски збор) - писар
- ќаја (турски збор) - управник на имот кај турските големци во Османлиското Царство
- ќепе - 1.вид машки елек од грубо селско платно; 2. вид капа
- ќердоса (турски збор)- усреќи, постигна успех, успеа,
- ќурк - горно палто со крзно
У
- угари - изорана, но непосеана нива, оставена да прележи
- узда - огламник со посебен дел за смирување на немирни коњи
- ујдурма - добро смислена измама
- утрина - земја оставена за пасиште
- уќумат (турски збор) - државна власт, режим, управа
Ф
- фереџе (турски збор) - свечена облека на муслиманките: долга и широка наметка со мрежа што го покрива лицето како симбол на ропство и бесправноста на жената
- фес (турски збор)- турска капа со пискул
- фиљанкишија - некој одреден човек
Х
- хегемонистичка (грчки збор) - господствена, од хегмонија што значи превласт, надмоќ
Ч
- чаир - ливада, полјана
- чалма (турски збор) - бел завој околу фесот кај муслиманите
- чаре - помош, излез, спас
- чеза (унгарски збор) - вид двоколка
- черга (турски збор) - вид дебела ткаенина за покривање или постилање
- чивија (турски збор) - клин
- чифлиг (турски збор) - феудален земјоделски имот
- чифте - ловечка пушка со две цевки
- чобан - овчар
Џ
- џабе (турски збор) - 1.бесплатно, подарено, бадијала; 2. залудно, бескорисно
- џам (турски збор) - стакло, прозорско окно
- џенем (турски збор) - муслиманскиот пекол
Ш
- шајак (турски збор) - вид груба ткаенина, горна селска облека
- шајкача (српски збор) - вид војничка капа
- шиити (турски збор) - припадници на муслиманската религиозна секта кои не го признаваат за пророк само Мухамед, туку и неговиот зет Алија
- шилеже - одбиено јагне од една година
- шиник - 1.дрвен цилиндричен сад, што служи за мерење жито; 2.мера за жито, како определено количество
- штик - бајонет, нож кој се монтира на војничка пушка
There are no blog posts to list.