НАЈУБАВИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ
Порталот „Харперс базар“ објави листа од 5 најубави градови во светот.
Еве како таа изгледа таа:
1. Фиренца, Италија
Додека Рим ја има титулата „најстар град во Италија“, Фиренца го има пламенот на чиста италијанска убавина. Освен Фирентинската катедрала, којашто е своевиден заштитен знак на градот, она што мора да се посети се галериите и музеите со дела на светски познати автори.
2. Санкт Петербург, Русија
Рускиот „Париз на Истокот“ е основан од царот Петар Велики во 18. век. Неговата убавина лежи во многуте дискретни острови, прекрасната авенија „Невски“, царските кули на Ермитаж – музеј кој содржи толку многу уметнички дела што можете да го поминете целиот живот шетајќи низ неговите сали и никогаш да не погледнете сè.
3. Чарлстон, Јужна Каролина, САД
Тука за посетителите, неизбежни се „Батери авенијата“ и улицата „Калмерс“ со калдрма и бермудски варовник. Бујниот живот постојано создава потреба од отворање сè повеќе барови, хотели и „јужњачки“ ресторани.
4. Кејптаун, Јужна Африка
Овој приморски град, засенет од планината Тејбл и познат по бројните пингвини на плажите, 2014 година е прогласен за светска престолнина на дизајнот, како спој од природна убавина и човечка креативност.
5. Бриж, Белгија
Мрежата од канали и главниот плоштад во барок стил,, го прават градот популарен кај туристите.
There are no blog posts to list.