Липа


Ако заспијам во заспаноста за незаспивање. 

Сонувам во сонуваноста 

за сонување.

Разбудам во разбуденоста 

за разбудување. 

Под смоква заспијам, 

за Мајчина душа сонувам, 

под Липа разбудам. 

Три нишки во рака 

Плетенки во коси, 

секоја девојка ги носи. 

Нивниот мирис 

ќе скротат, рис. 

Уште една плетенка, сплетам. 

со која во облаци летам. 

Коприва, невен, и маточина 

ќе освојам цар на месечина. 

Сонце ќе Ме огрее. 

Месечина насмее 

А, земја гордее. 

Плетенки ќе носам, 

Не одам боса 

Со сјај во коса. 

Чај од Липа напијам

Напред, будно, тргнам. 


Др.  Ванѓа Радевска