1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ
ФЕНИКС ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, e-mail адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. ФЕНИКС не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.
2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
ФЕНИКС ги презема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ФЕНИКС за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на Вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со Вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страницата на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за електронско плаќање.
3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ
Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку Македонска Пошта АД Скопје, Глобко Логистик Скопје, Карго Експрес, Спиди Деливери на адресата која е наведена во порачката.
Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страница.
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка.
Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цена на производот.
За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.
4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
ФЕНИКС ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.