Книга


Како долг тунел на знаења,

Во кој се повеќе длабоко велгуваме

Се повеќе се буди љубопитство.

Што ли крие? Што ќе се случи?

Моќ да не пресели во сиот свет,

Книгата е цвет кој постојано цвета и не вене,

Ѕвезда која постојано сјае и не гасне.

Како мајка, толку умотворна и толку прекрасна.

Книгата е како поточе од кое непрекинато, течат,

Се леат нови волшебни зборови.

Може да не одведе секаде, на месечината, на дното од морето,

Да не врати во времето кое поминало.

Ни носи скапи знаења-доволни да не направат

Културен, но и паметен човек.

Како сјајно, жолто сонце кое грее над сите зрели полиња,

Како пеперутка што ги буди росните цвеќиња,

Како пламен кој гори секогаш во нашите срца.

Како топло и тихо ветре кое дува во нашите срца, будејќи ги длабоките чувства.

Извор на чувства, небо покриено со прекрасни ѕвезди,

Ѕирнувајќи во длабочините на нашите срца.

Книгите се пролетен дождец,

златно зајдисонце, светла капа роса и прекрасна месечина.

Иако мала-може да смести дворци и планини,

Големи и високи.

Првиот состанок со книгата-вчудовиденост.

Прекрасните страници кои те водат во волшебен свет,

Раскажува за животот кој и не е баш таков „розев“ цвет.

Книгата-водич на запознавање со јунаци,

Борци кои се бореле за слобода,

Пример за храбрсот, достоинство и самопожртвување.

Многу тајни кријат нејзините страници,

Ја бришат прашината на душата од секојдневието на животот.

Соба без книги-

Како тело без душа.

За книгата може се зборува многу,

Но едно е сигурно-

Оние што читаат книги,

Живеат илјадници животи пред да умрат.


Анѓела Драган

Втора година 

СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ - Велес