29 мар.
Скопје
Скопје наш град,
стариот плоштад,
Камениот мост,
на интернет одма пост.
На калето зелен сјај,
од едниот до другиот крај.
На земјата листови триста,
неможам да допишам листа.
Сите во различни бои,
мислам дека сите се мои.
Почекај, стој, тоа е градот мој.
Реката Вардар тивко тече,
срцата на луѓето на тоа место ги влече.
Во центарот на градот петстотини фонтани,
па, сега ајде најдете мани.
Богат е со триста чуда,
има забава луда.
Во денешно време приказните разни
и многу други сказни
ни ги раскажуваат
роднините блиски наши.
Кога ќе тргнаш наваму на пат,
со себе земи си и фотоапарат.
Снимај ги глетките бистри,
на камера изгледаат многу чисти.
Скопје за нас е многу важен,
и несакам никогаш да биде тажен.
Андреа Атанасоска
10 години, Скопје
Leave a Comment