Пролет


Се разбуди кокиче мило

врапче мало, во гнездо се скрило

ластовичката песна пее

среќа и љубов со летот сее.

Сонцето зраци пушта

ги свило низ цвеќиња ситни

лични булки

во полјани и ливади китни.

Расцутени родните дрвја

пролетен ветрец ги вее

детската радост и смеа

во секое срце тлее.


(Веронија Спасеновска (8 години), Скопје)