29 мар.
Пролет
Низ полиња и гори,
в рани зори,
со цвеќиња во бои,
пролетта доаѓа
во краишта мои.
Детски весел глас
насекаде околу нас,
сонце жолто-златно
ве кани во овој час.
Славеј разлева песна
певлива, пролетна, лесна.
Ластовици назад од југ
вртат пролетен круг.
Се разбуди Баба Меца.
Пролет е мои деца!
Ќе го јаде сиот мед,
пчелки, на вас е ред.
Пролетта ја сакам мила,
облечена во свила,
со волшебна сила,
насекаде се скрила.
Ученичка: Теона Плушкоска (12 години)
ООУ„Страшо Пинџур“, Вевчани
менторка: Роза Китрозоска
2 Comment(s)
Браво, Теона! Продолжи да твориш убави песни.
Честитки Теона!
Преубава детска песничка. Браво Теона. Ти посакувам уште многу творби и многу успеси ????
Leave a Comment