Украдени сни
Сакаш да се скриеш во едно мало ќоше,
да ги слушаш само песните на Тоше,
да се слееш во боите на ѕидот,
да се изгубиш секому од видот.
И никој да не може до тебе да допре,
никој да не може во тоа да те сопре,
никој да не може на рамо да ти се потпре.
Да останеш таму, да се изгубиш засекогаш
Да бидеш сенка, само трага од некогаш.
Тоа што сакаш да си камо,
има еден виновник само.
Тој што ги уништи моите сни,
што ги украде безгрижните дни,
што бестрамно во срцево се сви.
Ќе допре ли до тебе стихот мој?
кога мојот живот веќе не е свој
Се прашувам уживаш ли во животот твој!
После се имаш ли спокој!
Ако ти си она што љубов значи,
Ништо од она што за љубовта слушнав не важи!
Стефани Стојчева
15 години
Иванковци, Велес
Leave a Comment