Книга – другарка стара


Животот е едно кратко патување

живееме, управуваме со него

и на крај умираме.

Мислиме дека се е во парите,

мислиме дека со нив можеме да купиме се.

Со пари може да купиме храна, но не и апетит.

Со пари можеме да купиме и доктор, но не и здравје.

Со пари може да купиме и часовник,

но, не и време.

За разлика од се друго

со пари може да купиме и книга

вистински да уживаме и да се префрлиме во друг свет.

Книгата е како цветна миризлива пролет во мајска градина.

Како волшебна принцеза од бајките,

како најскапиот дијамант на светот,

златен клуч кој ги отвара вратите.

Со неа можеш да бидеш во Париз, Лондон, Лисабон.

Илјадници приказни да минат низ твоите очи

и љубов повторно да се точи.

А, ако се чувствуваш немоќен и слаб

за прашања што животот од тебе ги бара,

ако сакаш да бидеш сезнајко, а не незнајко

земи ја книгата стара.


Иван Јангелов

ОУМБ„Кочо Рацин“-Пехчево

Ментор

Габриела Костадинова