17 мај
Историјат на книгата
Од дамнина мисла се соопштува писмено
речито жари и пали
разгор за зло и добро дарува смирено
народносно правдовистина кали.
Од глинена плочка, папирус, пергамент,
нејзиното височество хартија
до софтвер постамент
постира ука како магија.
Искуство, наука, истражување пласти
открива непознато за нашето битие
и до бескрај светот го расти
преку светлината на информатичкото житие.
Патува по непознати предели
низ призмата на времето
што е течение на неброени недели
за насад на разум семето.
Го облагородува животот
осознаено од мудроста
за слободата и мирот.
Автор: Благица Станоеска, 69 години, пензионерка
Leave a Comment