Детство


Детство е кога по ливада трчаме боси,

Кога уживаме дури надвор роси.

Детство е цветот во секоја боја,

скриен длабоко во меморијата моја.

Го паметам како лице насмеано,

поле разнобојно од сонцето огреано.

Игри долготрајни, исполнети дни,

колена модри и живописни сни.

Детствотo се сите годишни времиња,

Зимскиот снег и од пролетта кокичиња,

Смеата крај езерото од утро до мрак,

Есенските лисја со последен сончев зрак...

Детство е она што беше вчера,

Спомените заборавени во ''новата ера''.

сега, со деновите што минуваат, се бројат,

Нови предизвици пред мене чекаат, стојат.

Име и презиме: Ева Дејановска

Возраст: 13 години/ VIII одделение

Населено место: Гостивар