Книга


Многу нешта книгата може да ти каже!

И верувајте, луѓе таа никогаш не Ве лаже!

Таа е пријател што вечно човекот го следи

и со разни мисли во животот го реди!

Ќе научиш многу песни и сказни,

со пораки интересни и разни.

Многу земји ти ќе видиш и ќе научиш по ред!

Со книгата ќе го обиколиш целиот свет!

И времето што го поминуваш со неа

ти лета во ,,еден трепˮ.

Сите весели и среќни нѐ прави сите нас

низ секој меридијан да се движиме без компас,

без книги не можеме светот и постоењето да го замислиме

празни и пусти ќе нѝ минутваат дните

детските лица ќе си ги сневеселиме!


Лилјана Танушева 9 одд.

ООУ ,,Маршал Титоˮ - Банско (Струмица)

Ментор : Марија Брндевска