Kнигата е ко ...


Книгата е прозорец

од една цветна градина

во која цутат знаење и мудрост

со беспрекорна убавина.

Таа е ко бело платно,

со златни нишки навезано,

кои плетат мудрост и сила.

Книгата е дечиња ко добра вила.

Таа го збогатува нашиот интелект,

но го збогатува и нашиот дијалект,

ко во море од зборови да пливаме

и секогаш нови тајни откриваме.

Кога ќе влезеш во морето од тајни,

таа ти пружа знаења бескрајни.

Во секоја нејзина страница има по некој дел,

за да ја дознаеш главната цел.

Затоа, треба да читаме!

Да се просветлуваме и едуцираме!

Затоа што само така ќе продуцираме

знаења неизмерни и славни

и пред светот ќе сме главни.


Трајче Бансколиев 7 одд.

ООУ ,,Видое Подгорецˮ - Колешино

Ментор : Марија Брндевска