Нејзиното височество, книгата


Книгата на полица гордо исправена

го мами неодоливо мојот поглед,

како кралица на пиедестал ставена

богатства нуди неизмерни до недоглед.

Полиците мои мозаик се од дела:

детска литература, гатанки, поговорки, басни,

класици од европската книжевност цела,

зборови и мисли бистри, звучни, красни.

Страници хартија со мудрост полни,

стихови срамежливи или развиорени,

приказни за тажни, несреќни или болни,

вистини необвиделени или пепел сторени.

Секоја книга вредна и скапоцена ми е

ја читам без здив, па повтор ја препрочитувам.

Секоја книга богатство од зборови крие

со азно мојот ковчег речнички го закитувам.

О книго, бунар ти си неисцрпен, животворен,

во твоите длабочини повлечи ме.

О книго, извор сончев за восхит створен,

од сите сомнежи и немири, излечи ме!


Име и презиме на авторот: Ева Дејановска

Возраст: 13 години/VIII одделение

Населено место: Гостивар