
Една книга, безброј зборови,
Една книга, безброј страници.
Една книга, еден човек —
доживотни сопатници.
Книгата душа ми милува сјајна,
и ме води до дестинација трајна.
Страните низ раце пловат,
повеќе настани да се доловат.
Знаење ни дава мила
и нѐ води во бескрајна идила.
Книгата векови ќе векува,
прочитај некој стих,
тоа ќе те излекува.
Книгата како сонце над тебе зрачи,
кога си во темно и кога мрак ќе мрачи,
кога мислиш дека е црно сѐ,
довери ѝ се неа, таа ти е сѐ.
Kнигата е секогаш тука, со раширени крилја,
дури и кога животот знае да гребе како груба свила.
Книгата по кориците не се суди,
душата нејзина— внатрешната страна ќе ти ја понуди.
Телефони, компјутери, лаптопи денеска има,
но ништо нема да ја смени книгата убава мила.
Прочитај книга — убаво ќе е,
а таа како виножито после дожд ќе ти се смее.
Автор: Благојче Ристески
ООУ„Коле Канински“-Битола
Ментор: Наташа Лозановска
Leave a Comment