Книга


Мириса на рај и сон,

секој може да ја има,

со неа можеш во авион

и во лето и во зима.

Таа и другар може да ти биде,

па за рака да ја држиш често,

библиотеката е нејзино место.

Што ли е деца тоа?

Тоа е другарката книга!

Невозможното е чудесно и блиско,

непознатото- единствено и твое,

запознаваш ликови и дела

и го зголемуваш знаењето свое.

Книгата е другарка права,

па со неа патуваш низ чудесни земји,

од едно на друго место

и навистина многу често.

Книгата е ливада од раскош

што со мудрост те храни

со неа можеш да патуваш

кон сите можни четири страни.

Книгата не треба на полица да стои,

земи ја со рачињата твои,

па таа ќе те однесе

од морските длабочини

до планинските височини,

од чудата и делата,

до допир со вселената.


Име и презиме: Стефанија Јакимовска

Место на живеење: С.Иванковци – Општина Велес

Училиште и клас: Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес, 2-5 клас

Ментор: Магдалена Сарагинова