Мојата прва книга

Мојата прва книга

имаше неколку слики,

и под нив по еден збор,

ја најдов отфрлена од некој

во куќниот двор.

Втората имаше песни, прекрасни стихови мали,

и неколку реченици кратки, со загатки и шали.

Сега читам раскази, долги

од тука до Месечината,

и секој нешто ме учи,

и ме просветлува

со нова светлина.


Ученик, Енис Исени VII одд.

OOУ,,Ѓерѓ Кастриот – Скендербеу“, с. Арачиново - Скопје

Ментор , Искра Грашеска (igraseska@gmail.com)