10 мај
Букви од емоции
Забележав дека твоите раце
повторно се влепиа на моите корици
одамна те немаше,
спокојно да ги разлистуваш моите станици.
Ми недостига чувството
на твоите нежни раце кога ме држиш
во скут и со спокој го проследуваш
секој збор испишан за тебе.
Проколнат сум,
никогаш да не можам да те допрам,
да го видам твојот лик
да најдам мир во твојот поглед.
Но, знам дека ти си најубавото нешто
што до сега ми се случило
после сите овие патешествија
да бидам во твоите раце.
После сето ова време,
посакував да бидам реалнен,
да бидам крај тебе,
во доцните дождливи вечери
и сите студени денови ,
да не бев, само една стара парталива книга
која виси на полица и чека да биде прочитана.
-прочитана од тебе.
Но, покрај сѐ,
знај дека јас сум оној што ќе остане
кога секој друг на тебе ќе заборави.
Оној што ќе биде крај тебе
да те ислуша за радоста
која луѓето крај тебе ти ја дариле
а јас не можам.
Иако знам, како бога те молам
да не ме заборавиш
и кога на последнава страница ќе и дојде крај,
сети се на мене и пролистај ме повторно,
баш онака како што правиш сега,
ќе чекам нестрпливо да се сретнеме
а ти повторно да бидеш само моја.
Елена Питулкова
СОУМ I год Гостивар
Leave a Comment