ДЕТСТВОТО ШТО Е?


Детството е со многу желби исполнето,

со љубов и грижа, срцето преполнето.

Тоа е нешто најчисто и највистинито,

ситниците штом ги прикажува сликовито.

За глад, за жед, за кавга не смее да знае,

за топол дом секое дете во светот мечтае.

Да се живее слободно, безгрижно и среќно

со радост и игра исполнети да се деноноќно.

Кутија исполнета со многу желби и посакувања,

недопирлив свет да е без расплакувања.

Во некое свое посебно катче фантазии рој,

соништа, насмевки, џагорења безброј!


Фросина Тасевска - Штип