Книга


Изработена од хартија,

пишани,печатени страници.

Те учи за нови нешта,

и често знае да помине граници.

Покрај читањето на книгите,

нашиот речник се подобрува

се оди на подобро и подобро,

често ги препорачуваме на блиските.

Ти, ако си љубител на книгата,

секогаш ќе можеш да дојдеш до нејзе.

-ако немаш книга-оди во книжарница

-ако не можеш да купиш-оди во библиотека

-ако не можеш ни тоа-читај електонска книга.

Знам,повеќето не сакаат книги,

децата не ги сакаат книгите,

како и учениците лектирите.

Каде се љубителите!

Каде се да ја подигнат свеста,

да покажат која е книгата!

Книгата е најдобриот пријател,сопатник,

учител,пат кон животот.


Стефани Стојчева

Ментор:Наташа Богоевска-Брезовска

“ООУ Стојан Бурчевски Буридан”