Зборот едукација значи воспитување, одгледување, односно образување млади генерации и развивање кај нив умствени, телесни и морални способности. 

На тој начин, се пренесуваат општите и работни искуства, знаења, општествени норми и вредности. 

Од претходните генерации на најмладите: од  родителите на децата, од воспитувачите на воспитаниците... 

Едукацијата е темелен услов за постоењето и опстанокот на човечката заедница. 

Човековата култура и цивилизација е поврзана со развојот и збогатувањето на општеството. 

Преку едукацијата се стекнуваат: знаења, умеења, вештини, навики, квалификации... 

Исто така, се развиваат: телесни, интелектуални, морални, естетски и работни способности.