Детство


Детство. Што е детство? Како капки дожд кои тропаат на прозорецот и нежен ветер кои ти ја милува косата. Детството е време на пеперутките во тревата и 
птичјата слобода во синото небо. Времето кое не познава за време, часови, минути, секунди, време кое едноставно лета не прашувајќи никого. Детството е сезона на насмевки и поделени гевреци со другарчињата, сезоната на сонцето и вечната пролет во срцето. Како едно свртување на стрелките, нова страница од календарот и прва и последна таква страна од книгата наречена живот. Детството доаѓа и оди како и животот, но најважно е во срцето да ти биде детство. Важна е песната која вечно ќе ѕуни во твоите уши или твојата расцутена насмевка во тмурното утро. Важно е низ животот да чекориш носејќи ја во своите крилја слободата, а во своето срце храброста. Важно е каде и да одиш да ја посееш љубовта и да ја поделиш како ѓеврекот така и среќата. Можеби детството е кратко, но детето е нешто бесмртно и вечно, тоа засекогаш ќе живее во твоето срце. Ќе живее додека го полеваш како цвет кој не венее и додека не се препуштиш на реалноста низ која за жал животот не е розев туку сив...  


    Александра Чатмова 9одд.