Детство


Мирис на ванила и кокос,

парфем на бебешки воздишки,

лаванда и кротко-нежна крема

која се топи на рачињата

на едно детенце.

Џагор,

смеа,

бура од детски невини емоции,

класично шаренило од безброј

виножита кои се множат на оваа планета,

пристигнуваат на овој свет,

да го разубават,

сјај да му дадат,

со смеа да го заразат,

како мали јагненца

душата да ни ја разгалат.

Тоа се децата.

Тоа е детсвото.

И да сакаш да мразиш некого

ти не можеш,

оти си дете,

оти твојата имагинација

е насочена само кон добродетелство,

кај овие пчели постои

само наплив на неизмерна љубов,

радување на јаготките во дворот на баба си,

играње криенка со најблиските соседчиња,

читање на детски песнички за прваче,

знаете..

Тоа се децата.

Тоа е детсвото.

Со солзи во очињата

ја гледаат мајка си

како им чита приспивна песна,

и полека,

нежно и неприкосновено,

ги затвораат очињата,

потонуваат во сон,

а во сонот бајки сонуваат,

во сонот своите омилени цртани ги гледаат,

во сонот душата си ја одмараат,

за утрешниот ден да им биде уште посладок,

уште поуспешен.


Софија Величковска