04 мај
Шеќерна трага
Се сеќаваш ли на лепчето со шеќер натопен со вода,
кога после првиот касај кој тебе ти го дадов,
ми падна на земја?
Го зема, и дуваше додека земјата не ја издуваше,
и срамежливо ми го приближи до устата.
-Еден касај тебе ,еден касај мене -
се додека последниот касај не го изедовме.
Околу устата останаа зрна шеќер.
Ме гледаше и се мислеше долго, долго...
Потоа со прстите ме избриша.
Те обзеде тага, наведна глава,
што не можеше со бакнеж да ја избришеш шеќерната трага.
Љубица Бошкова
Leave a Comment