29 апр.
Среќно детство
Многупати сум го посакала,
но за жал го немав.
Многупати го сонував,
но никогаш не го доживеав.
Многупати го барав,
и под дрво и под камен,
но никогаш не го најдов.
Многупати размислував за него,
но се беше залудно,
размислував и плачев,
но и солзите не помогнаа.
Многупати и мечтаев да го имам и јас
но за жал никогаш не го добив.
Многупати си велев:
- Да, има надеж, можеби ќе се појави.
Но, за жал никогаш не се појави.
Го замислував како ли ќе изгледаше:
Можеби убаво како бескрајна цветна
градина,
или слатко како црно чоколадо.
Можеби милно и силно како
прегратките на мајка ми,
или јако и цврсто
како татко ми.
Но за жал,
никогаш не го почувствував
СРЕЌНОТО ДЕТСТВО.
Но, не, не жалам,
зашто
никогаш немаше да бидам
она што сум денес.
Марија Темова, Росоман, СОЗШУ ,,Ѓорче Петров" - Кавадарци
Leave a Comment