КНИГАТА Е ...


Книгата е слаткозборна

полна со испишани страници

и понекогаш со дебели корици.

Книгата е интересна

со убави и пишани зборови,

моја е инспирација

и мој најверен другар.

Книгата е непресушен извор на мудрост,

отворен прозорец кон светот

и вистинско насладување за нашите души.

Книгата е моја инспирација, творам творби,

и со неа патувам кон секоја замислена дестинација,

а читањето книга е како сонување

со очите широко отворени,

дури со неа патувам и во мојот сон.

Животот со книга

ни е како во бајка,

највозбудлива фантазија

која треба да биде прочитана

одново и одново.


Напишал ученик:

Горазд Трајковски

III а одделение

ООУ. Мирче Ацев - Скопје

учителка:

Валентина Танчевска