Книга



Книгата не спојува, не зближува

со нас другарува и мудрост ни подарува.

Во мојата соба на полици наредени

книги во разни бои

кога сум тажна , кога сум сама

ги заменува другарките мои.

Книгата е мојата најдобра другарка

Со која другарувам, патувам

целиот свет на дланка го дофатувам.

Книгата е мојата иднина

мојот прозорец кон светот

вечен извор на мудроста.

Таа е од зборови собрана

градина недообрана.

КНИГАТА МЕ ВРАЌА ВО ВРЕМЕТО

КОЕ ПОМИНУВА И НЕ МЕ ОДМИНУВА.


Анѓела Колодезни 6б одд.

ООУ ,, Панко Брашнаров ’’, Велес

Ментор: Валентина Стефанова