Книга



Од книга многу ќе научиш,

ти, мило умно дете ,

но, знај книгата не се остава

ниту зиме, ниту лете.

Кога сонцето светло сјае,

кога кучето бесно лае,

кога птицата весело пее,

па дури и кога играта,

нови другарства сее.

И покрај сите твои,

пријатели драги,

другарувај со книгата,

ќе ти биде најблиска во играта,

ќе остави неизбришливи траги.

Така низ животот,

ќе чекориш лесно,

дури и кога пред тебе

нема пат и се наоѓаш во тесно.


Ученичка: Теона Плушкоска (13 години)

ООУ„Страшо Пинџур“, Вевчани

Менторка: Роза Китрозоска