Книга


Бев детенце мало,

тато за рака ме фати,

ме однесе на саем за книги.

Реши за роденден,

книга да ми купи.

Одевме,гледавме....

Безброј ги имаше.

Едни до други наредени,

шарени,големи,мали.

Разгледував,гледав.

умот ми се штукна.

Посакував сите да ги имам.

Да ги прегрнам,гушнам,

ден и ноќ со нив да бидам.

Мама да ми чита,

а јас да фантазирам.

Да пораснам,

што поскоро,

на училиште да тргнам.

Да научам да читам.

Книгите да ми бидат,

најголемиот прозорец,

од кој ќе можам,

цел свет да го видам.


Тодорова Ксенија