ТВОЈАТА ИСТОРИJА
Ти можеш да си напишеш своjа историjа –
толку кратка
што не ќе има место
за подробности
и толку долга
што секоjа подробност
ќе нема значење
Твоите безимени херои
ќе се населат на териториjа
необрабена од граници
ќе се измешаат боите на очите
усните ќе ги променат линиите
и не ќе можеш да се сеќаваш
кого од нив си сакал
кого – изневерувал
Твоjот свет ќе се распадне
на милиони врвови
оти настаните ќе го изгубат редот
како монистата од ѓердан
симнат од изнасилена невеста –
ништо општо
освен болезникавата памет
на минатото општо
Но творечкиот статус
ти го гарантира правото
да не се поjавиш на Последниот суд
дури и тогаш кога душите на предците
врзани под покривот на напуштената куќа
посакуваат да никнат –
со коренот нагоре…
Ти можеш да си напишеш своjа историjа –
толку реална
што секоj хероj
ќе се препознае себеси
и толку измислена
што секоj може
да стане твоj хероj
22.08.2008, Струга
Превод од украински – Весна Ацевска
Leave a Comment