21 апр.
КНИГА
Во река од зборови пловам
низ коритото
на твоите корици
во мекоста на зборовите
удобно сместена,
без кормило без насока
патувам тебе препуштена
мој прашлив капетану,
во непознати светови
каде спие заспано искуство
а ние ќе го разбудиме.
Со тебе се качувам,
чекорам скала погоре
водена од мислите
кои до мене патот го најдуваат,
извирајќи од невидливи извори твои.
Во мене зборовите твои влегуваат
и постануваат мои,
среќно ги прифаќам
и длабоко, длабоко
во себе ги чувам,
да ме научат, да ме потсетат,
да ме охрабрат и утешат
сите туѓите искуства,
кои веќе како да станале мои.
ВЕСНА ШЕРЕМЕТКОСКА - ПРИЛЕП
Leave a Comment