КНИГАТА

Книгата е лична карта на човекот

огледало на неговата цена

и безбеден сопатник

по светот на писменоста,

Книгата не е мермерна тишина

штом зборот е ѕвоно

разгласено по векот

меѓузборје на милениумите

таа е со живот на иднина

од првите пештерски знаци

до првата библија па наваму,

Затоа книгата е

и дом на духот

и срце во срцето на човекот

штом зборот бил и ќе биде

и со бесмртнос ќе тежи.

САВО КОСТАДИНОВСКИ