ЗАФРЛЕНА КНИГА


Книгата е душевна храна –

леб за гладните грла,

штом е така никој нема

право неа да ја фрла!

Се случило еднаш ете

едно дете да ја најде,

во вистински раце дојде

добра среќа да ја снајде.

Ја избришал од прашина

корици ѝ завил,

а потоа на полица

во чисто ја ставил.

Тој животот ѝ го спасил

зафрлена веќе не е,

но затоа ќе му врати –

душа топло ќе му грее!


САВО КОСТАДИНОВСКИ