18 апр.
КНИГАТА
Колку почесто си
се одлучил
книгата да ја земеш
в рака,
толку повеќе
книгата е моќна
и таа ќе почне
тебе да те сака.
Та секое дружење
со книгата
љубов кон читањето
се раѓа,
љубов силна, верна
и вековита
без гранична а
камоли со меѓа.
И не треба никој
време да жали
времето на книгата
што ѝ се посветува,
всушност и книгата
и таа знае
како за возврат со
мудрост да наградува.
А мудроста
најскапа ти е во светот
мудрост во животот
да имаш довек,
секој ќе те цени и
ќе те почитува
како еден умен и
разумен човек.
САВО КОСТАДИНОВСКИ
Leave a Comment