КНИГАТА


Книгата е најценет пријател

на сите деца големи и мали,

несебична секогаш била

штом знаење на сите им дели.

Книгата ти е водич низ животот

таа се грижи за светот да знаеш,

колку повеќе ќе прочиташ книги

толку повеќе знај дека ти вредиш.

Но за возврат на книгата

нејзе ѝ треба само чување,

за често ти да ја прочиташ

знаењето е и повторување.


САВО КОСТАДИНОВСКИ