18 апр.


КНИГАТА ЗА ДЕТЕТО
Книгата за детето
ја пишува сонцето
со златни зраци
по небото
бескрајно, сино.
Затоа од неа
постојано зрачи
радост и живот.
Книгата за детето,
ја разубавуваат
цвеќињата,
боите и убавините
нивни,
со кои нѐ китат.
Затоа со нив
заедно
подруг ни е
светот.
Книгата на детето
секој од нас ја
носи
во душата и
срцето.
Не затоа што сме
биле деца,
туку затоа што со
нив
е поубаво сонцето,
и радоста и
животот,
и цвеќињата и
убавината.
САВО КОСТАДИНОВСКИ
Leave a Comment