КНИГАТА НА ДЕТЕТО


Книгата на детето е светска книга,

иако сѐ уште не е напишана.

Таа е вечна, како и Библијата,

со слава голема - до небо извишена.

Книгата на детето е идеал.

Од неа човештвото космополитство дрочи.

А таква е и секоја детска душа,

за поубава иднина, надеж што точи.

Книгата на детето е поука света.

Чесен апел и гласен манифест.

Таа е повелба и достоен завет,

а не наивен и смешен детски гест.

Книгата на детето е светска книга,

со страници сѐ уште неиспишани.

А тоа набргу може да се случи,

ако војните сегде бидат избришани.

САВО КОСТАДИНОВСКИ