18 апр.


Книга
Кога сме сами
книгата не мами
ни подава рака
за другар не сака.
Книга бела
исполнета цела
со приказни,сказни
од времиња разни.
Таа е водилка мила
иако нема крила,
во радост и тага
спасителка е драга.
Книга бела
исполнета цела
со приказни,сказни
од времиња разни.
Со неа сонуваме,
по светот патуваме,
весело се смееме
за неа пееме.
Нове Богојески,Прилеп,60 год.
Leave a Comment