15 апр.
ПРОЛЕТ ДОЈДЕ
Пролетта тивко нечујно дојде.
Сончевите зраци насекаде
како злато светат,
а над нашите глави
безброј пеперуги летаат.
Ветрецот Развигорец
подувнува благо,
и нежно ко свила го гали
детското лице драго.
Пролетта ко волшебен сликар
ги расфрли шареникавите бои
и вешто ко кројач
својата пролетна облека ја скрои.
Среќни се нашите лица сега.
пролетта цветна нема каде да бега.
Славејот песни весели пее
и заедно со нас постојано се смее.
Ученик:Мелани Царева 6 одд. , 11 години
ООУ „Страшо Пинџур“ с. Соколарци
Место:Чешиново
Општина:Чешиново-Облешево
Ментор:Тодорка Стоименова
Leave a Comment