УЧЕЊЕ НИЗ ИГРА
Јазици, музика, спорт...
Богата понуда од различни подготвителни обуки и курсеви за најмладите.
Стручњаците велат дека периодот до шест години е најважна фаза во учењето.
Но, кога и што конкретно детето треба и може да започне да учи?
Детето треба да учи низ игра!!!
Децата до шест години учат на три начини и тоа:
1. Низ активности, односно преку сфаќање, имитирање и испробување на постапките од возрасните
2. Преку раскази и раскажување и нивно објаснување
3. Преку сопствено размислување.
Значи, детето треба секојдневно да се запознава со светот што го опкружува и да стекнува нови искуства, односно да поставува прашања и да добива одговори, но и пофалби и коментари од возрасните кои се грижат за него, како и од врсниците.
Leave a Comment