Добрината ги сплотува луѓето


Кога снегулките се ронат,

од таму каде што Сонцето

ги топли нашите срца,

од таму каде што птиците

не демнеат со сјајни погледи,

од таму каде што ѕвездите

фатени за рака

нашите желби ги слушаат,

ние децата, се радуваме.

Отсјајот во нашите очи

ја издава таа радост.

Уште од среќа да викаме

на цел глас, да нѐ слушне

дури и најдалечниот атом од Земјата.

Да направиме сите

да се чувствуваат среќно,

како од дамнешни времиња.

Да ги почестиме нашите најблиски

со една топла насмевка

која доаѓа од с’ржта на нашето срце.

Да го направиме невозможното-возможно.

Тоа го можеме! Сите, заедно сплотени!

Како едно!

Можеме да извикаме на цел глас,

да ја предизвикаме нашата храброст,

да го разбудиме лавот во нас

кој досега бил заспан

како заспаната убавица.

Да му кажеме на Дедо Мраз

да ни го донесе нештото највредно

во нашиот топол дом.

Да ја оставиме гордоста на страна,

и да се здружиме ѝ со најголемите

непријатели на пријателството

И тие се добри души,

и тие имаат топло срце како другите,

и тие знаат да сакаат,

и тие се луѓе како сите нас.

Децата се најголемо богатство на светов,

секое дете заслужува топол дом,

љубов и грижа од своите најблиски.

Секое дете заслужува

да се израдува на некој подарок.

Сите можеме да се израдуваме

на нешто малечко, но вредно за нас.

Треба да ги израдуваме нашите

баби и дедовци за Божиќните празници,

треба да им кажеме:

,,Христос се роди!”

а тие милно да ни одговорат:

,, Навистина се роди!”

и да не почестат со некое костенче и оревче.

Иако сите луѓе не се исти,

иако на светов има многу неправди,

длабоко во себе знам дека на светов

нема лоши луѓе кои што од срце

прават грди и лоши работи.

Секој човек има свои вредности

кои мора да бидат почитувани.

Секој човек има мирна душа,

која го прави нежен, кревок одвнатре.

Добрината нѐ зближува,

злото нѐ разделува!


Бојан Маневски

14 години

Кратово