ГАТАНКИ
1.
Се сврте ко геврече
Го видов ко светулче
Веднаш пружив раче
И си најдов...
(париче)
2.
Студен Сечко во реката
Сапун прави од водата
Баба Марта го собира
За еден ден го истура
(мраз)
3.
Бела-бела лекичка
Со црна-црна пченица
Жнееме со очите
Мелеме со главите
И со погача богата
Ја храниме душата
(книга)
4.
Да е лед, не е лед
Да е мед, не е мед
А тврдо е како лед
И слатко е како мед
(сладолед)
5.
Сива кобила по ливади пасе.
(коса за косење)
6.
Една Бела Мира
Плива во два вира
(гуска)
7.
Сива Мара
Небото го бара
(магла)
8.
Не е солза
А постојано солзи
На лисјето од тревата
Наутро ползи
(роса)
9.
Долг Димо без коски
На небото оди на гости
(чад)
10.
Долга Неда
Сенка нема
(река)
Избор и подготовка: Христо Петрески
Leave a Comment