01 апр.
Потребно е:
- 500 гр макарони
- 2 дл кисели павлаки
- 500 гр сирење на ситни парчиња
- 6 јајца
- 1 литар млеко
- Сол
- Бибер
- Малку зејтин
Подготовка:
Макароните се варат во солена вода, се цедат и се мешаат со сирењето, па им се додава половина од павлаката. Се става сол и бибер и смесата се распоредува во огноотпорен сад подмачкан со масло и малку се потпекува. Во меѓувреме, во друг сад се мешаат млекото, остатокот од павлаката и јајцата. Кога малку ќе се потпечат макароните им се истура смесата одозгора и се додава сирењето на парчиња и добро се потпекуваат додека не добијат жолта боја. Се сечат на парчиња (на коцки) и се сервираат топли.
Leave a Comment