01 апр.
Потребно е:
- 1,5 децилитар јогурт
- 20 грама свеж квасец
- 75 грама шеќер
- 2 јајца
- 1 лажичка шеќер
- ½ лажичка сол
- 75 грама стопен маргарин
- 450 грама поостро брашно
Подготовка:
Во 1 децилитар млака вода растопете го квасецот и додајте лажичка шеќер и малку сол. Потоа додајте: брашно, јајца, јогурт и стопен маргарин. Замесете го тестото кое треба да биде меко, да се лепи за рацете. Тестото оставете го да нарасне двојно. Со сукало направете кора дебела околу еден сантиметар и со чаша вадете кругови и така направените кругови ставете ги во плех на хартија за печење за да нарастат дупло. Откако ќе нараснат ставете ги во рерна на 180 степени да се печат додека не пожолтат. Печените крофни веднаш извалајте ги во шежер и послужете ги.
Leave a Comment