Потребно е: 

  • 1 средна чинија корнфлекс 
  • 1 лажица мед 
  • 1 лажица стопен маргарин 
  • 1 овошен јогурт 
  • Овошје за декорација: капини, малини, боровинки, јагоди 

     

    Подготовка: 

    Во садот измешајте ги корнфлексот, медот и истопениот маргарин. Потоа, во плехот за мафини ставете ја оваа смеса, а преку неа истурете го овошниот јогурт. Одозгора ставете го овошјето исечкано на покрупни парчиња.  На крајот, ставете ја целата смеса во фрижидерот да стои два часа и послужете ја.