Потребно е: 

  • 14 полни лажици со брашно 
  • Јајце 
  • Чаша јогурт 
  • Малку сол 
  • Полвина кесичка прашок за печиво 
  • Масло за пржење 

     

    Подготовка: 

     Се ставаат во садот: брашното,  прашокот за печиво и солта, па сето тоа се меша заедно. Се додава едно јаце, па јогуртот и добро се мешаат.  

Во тавче се истура масло за пржење (отприлика еден сантиметар висина) и добро се загрева, а потоа со лажица се ставаат уштипците и се пржат од сите страни додека не пожолтат. Се јадат со сирење, чај или бело кафе.