Ако имате дете во знакот или подзнакот Овен, тогаш сигурно сте забележале дека често доаѓа до расправии, поради потребата детето да доминира и да биде во сите нешта прво. Овој знак е под влијание на планетата Марс и затоа детето не успева да се смири, па често влегува во судири, зашто така најдобро комуницира. Реагира брзо о нагло, се лути ако воопшто се посомневате во него и неговите одлуки. Треба со него да се постапува многу внимателно, со тактичност и дипломатија. На децата родени во знакот Овен, пубертетот им е бурен период, посебно кога имаат 14 години, затоа што порано созреваат. Затоа, морате уште од малечки да ги учите на ред и точност, затоа што тоа не им е посилна страна на нивниот карактер. Исто така, треба да ги научите повеќе да се посветат на спортот и спортските активности. Притоа, треба да внимаваат на високите температури кои не ги поднесуваат, но и на повредите на главата.
Leave a Comment